Се појави најново видео, во кое е прикажан уредот на компанијата Xiaomi со флексибилен екран. Овој пат, Лин Бин – соосновач и претседател на компанијата го демонстрира телефонот пред камерите. Видеото од страниците на Weibo е префрлено на YouTube.

Делува како да се работи за истиот уред од hands-on видеото, кое @evleaks го објави претходно оваа година. Уредот се склопува на интересен начин, со двете страни кои се свиткуваат наназад. Претпоставкаа е дека во видеото е прикажан прототип на телефонот. Кога во целост е отворен, делува дека дисплејот има 3:2 однос на страници.

Во видеото е прикажано како е можно да се скрола низ апликациите, а интерфејсот без проблеми се прилагодува на соодветниот дисплеј мод. Интересно е дека копчето за вклучување е сместено во врвот на уредот, кога се користи во портрет положба.

Она што не го открива видето е кога свитливиот смартфон на Xiaomi може да се очекува на пазарот, а сигурно е дека компанијата има уште многу работи да поправи пред да почне со масовното производство на уредот.