Сензор за отпечатоци во екранот пристигнува барем на еден Galaxy S10 модел

Уште во 2017. година стана збор за тоа дека Samsung би можел да имплементира сензор за оптпечатоци од прст во екранот на Galaxy Note 9. Ова не се случи првенствено поради тоа што техниологијата не беше подготвена, а заштитата за екранот во тој период од развојот спречуваше функционирање на сензорот.

Тимот на XDA Developers сега пронајде код кој сугерира дека барем еден годинашен Galaxy S10 модел ќе има in-display сензор за отпечатоци од прсти. Веројатно Galaxy S10 Lite (E) нема да ја има оваа функција, кој овој сензор треба да го има на бочниот дел од уредот.

Кодот пронбајден во Samsung Pay апликацијата, сугерира дека апликацијата за мобилно плаќање ќе користи in-display сензор за отпечатоци од прсти за верификација на купувањето. Кодот, исто така, ја опишува карактеристиката како “Beyond in-display FP scanner”. Beyond е интерното кодно име за Samsung Galaxy S10 серијата.

Се очекува дека Samsung ќе го користи ултрасоничниот сензор на Qualcomm. Овој метод е значително попрецизен и побрз од оптичкиот сензор, кој се користи во најголем број од актуелните смартфони со in-display сензор.