Светскиот тренд кому не му се наѕира крајот, многумина велат дека е насекаде околу нас. Некои го прават пред да го испијат утринското кафе. Многумина сакаат да го направат пред огледало, бидејќи можат да се видат себеси додека смислуваат најдобра поза. Погодувате, се работи за селфи, кој сите ги излуде.

Пред точно девет години лансиран е iPhone 4, а потоа веќе ништо не беше исто. Зошто?

Тоа беше првиот паметен телефон со предна камера, па беше полесно да се фотографирате и притоа да видите како ќе изгледа фотографијата, пред да ја направите.

Истражувањата покажуваат дека луѓето во текот на животот сликаат 25.000 селфи фотографии, а статистиките на   Rawhide велат дека во секунда на Instagram се закачуваат околу 1000 селфи фотографии.

Секој ден ширум светот се создаваат дури милион селфија. Ако напишете #selfie во пребарувачот на Instagram, ќе ви се појават речиси 380 милиони фотографии со тој хаштаг.