Познатиот американски производител на рачни часовници Fosiil најави продажба на својата технологија за производство на паметни часовници на интернет гигантот Google.

Бизнисот е “тежок” 40 милиони долари. Како што е најавено, работниците на Fossil, кои работеле на паметните часовници, ќе станат вработени во Google.

Паметниот часовник на Google, Pixel Watch, како и Pixel смартфоните поседува отворен оперативен систем. Но, бидејќи пазарот на носечки уреди се уште не заживеа како пазарот на паметните телефони, ни самиот Wear OS не е многу распространет.

Изборот на Google за Fossil за партнер не е лош потег, бидејќи оваа компанија константно развива квалитетни производи наменети за фитнес, кои притоа имаат многу прифатливи цени.

На пазарот на паметни часовници моментно доминира Apple, додека зад врат му дишат Fitbit и Samsung. Меѓутоа, секој од овие производители донекаде цели на различни сегменти од пазарот.

Сето тоа, на Google му го намалува маневарскиот простор за вклучување во трката. А за да успее во тоа, неговиот паметен часовник ќе мора некако да се разликува од конкуренцијата.

Веројатно во тоа и лежи причината поради која изборот на партнер паднаа на Fosiil, познат како производител кој знае и умее да направи добар и квалитетен рачен часовник.