Многу сопственици на паметни телефони се уште очекуваат нивните уреди да добијат надградба на Android Pie. Сепак, Google веќе почна да работи на следната верзија на мобилната платформа. Претставниците на Аndroid Q Developer Preview програмата сега имаат пристап до бета верзиите и до новите функции, соодветно. Првото интересно подобрување, кое не очекува во смартфоните со Android Q е интеграцијата на Dark Mode режим на системско ниво.

Toа е исклучително корисна функција, особено кога сакате да заштедите батерија на уред со OLED екран или да не ги оптоварувате очите навечер. Во оваа фаза самите програмери имаат можност да го активираат ноќниот режим во мобилните апликации, но Google сакаат овој инструмент да биде достапен за сите од менито на Android Q. Така ќе можеме да го користиме Dark Mode дури во апликациите кои не се специјално оптимизирани за функцијата, информира „xda-developers“.

Уште поинтересно е дека Google експериментира со посебен десктоп режим за поврзување на надворешни дисплеи. Функцијата најверојатно ќе овозможи да ја репродуцирате содржината од смартфоните на поголеми екрани – на монитори и компјутери. Во моментов тоа се сите детали со кои располагаме за подобрувањата во Android Q, но сигурно во следните месеци пред премиерата ќе дознаеме уште повеќе детали за промените што ќе ги видиме во новата верзија на оперативниот систем.