LG претстави џиновски OLED екран од 19,8 метри (ВИДЕО)

Компанијата LG Electronics склопи 260 екрани за дигитални сигнални дисплеи со светлечки диоди од органски компоненти (OLED), за да пружи изглед на дигитално опкружување, додека посетителите на саемот CES 2019 влегуваат во LG кабината.

“LG OLED Falls” има 76 конкавни, 76 конвексни и 112 рамни LG OLED екрани.

OLED ѕидот, висок 7,6 метри и широк 19,8 метри прикажува слики од криви на пустина, водопади, океан и светлечки ефекти.

ОЛЕД технологијата на LG користи пиксели со осветлување, кои можат да се вклучат и исклучат поединечно, за контрола на светлината и квалитетот на сликата, без посебен извор на светлина. Дисплејот, исто така, има напредна аудио технологија за она што компанијата го нарекува импресивно искуство.

LG ја демонстрира својата технологија и изложба OLED Falls во Централната сала на конгресниот центар во Лас Вегас на штандот “2019 International CES”, пренесува британскиот Telegraph.