Се појавија најнови рендери и CAD видео од 360 степени за Nokia 8.1 Plus, кои прикажуваат промена на правецот кога е во прашање дизајнот на Nokia телефоните – засекот е отфрлен, а наместо него, тука е punch hole дизајнот со отворот за камера. Новите информации пристигнуваат од дојавувачот @OnLeaks.

Nokia 8.1 Plus го има истиот 6.22-инчен дисплеј како и регуларниот Nokia 8.1 модел. Димензиите се исто така слични, а новиот смартфон ќе има големина од 156,9 x 76,2 x 7,9 mm (актуелниот модел Nokia 8.1 има димензии ид 154,8 x 75,8 x 8 mm).

Самата имплементација на отворот за камерата во екранот ослободува дополнителен простор. На задната страна се очекува систем со две камери со Zeiss оптика, како и стандарден сензор за отпечатоци од прсти. Останува да се види каков чипсет ќе има Plus моделот, за да се дистанцира од стандаардната верзија која го користи Snapdragon 710.

Рендерите покажуваат дека Nokia 8.1 Plus ќе има USB-C порт и микрофон во долниот дел, додека од горната страна ќе се наоѓа 3,5 мм приклучок.