Google ќе го интегрира Assistant во рамките на Maps апликацијата

Google најави дека својот виртуелен асистент Google Assistent ќе го интегрира во Google Maps апликацијата за Android и iOS уредите.

Google се пофали дека неговиот виртуелен асистент Google Assistant, до крајот на месецот ќе биде на 1 милијарди уреди во целиот свет. Сега пристигнува и информација дека Google Assistant ќе биде интегриран во Google Maps апликацијата за Android и iOS мобилните уреди.

На тој начин, корисниците на Google Maps ќе можат да споделуваат ETA податоци (Estimated Time of Arrival), да одговараат на текстуални пораки, да покренат репродукција на музика или подкасти и да добијат разни други информации.

Што се однесува до самиот Google Assistent, планирано е додавање на опција со можност за резервација на летови и check-in. Повеќе информации за ова и другите новости во врска со Google Assistent, би требало да бидат познати по годинашниот MWC Конгрес во Барселона.