Според информациите кои ги објавија американските медиуми, оваа година ќе бидат објавени три нови модели на iPhone, од кои едниот ќе има систем од три камери на задната страна.

The Wall Street Journal тврди дека Apple ќе претстави наследник на iPhone XR со LCD дисплеј, заедно со уште два нови уреди.

Најголемиот од трите нови модели, кој веројатно ќе биде и најскап, би требало да биде опремен со систем од три камери, со кој Apple ќе се обиде да им се спротивстави на неколку производители на Android телефони, кои претставија модели со тројна камера на задниот дел.

Првите рендери и фотографии со тројната камера на новиот iPhone се појавија оваа недела. Засега не е познато што ќе донесе третата, дополнителна камера кај новиот уред, но шпекулациите велат дека таа би можела да создава 3D фотографии.

Уште една информација која кружи низ медиумите е дека Apple има намера сите нови модели да ги произведе со OLED екрани. Таквиот потег значително би ја зголемил цената на уредите, што потенцијално ќе влијае на тоталната побарувачка на овие смартфони.