Некои научници сметаат дека звукот доаѓа од неутронска ѕвезда, а други дека изворот е вонземски вселенски брод.

Тим на научници од Канада втор пат забележа необичен звук кој допира надвор од нашата галаксија. “Fast radio burst” (FRB), односно брзиот радиски импулс е еден од 13-те нови импулси кои ги забележа радио телескопот CHIME.

Научниците проценуваат дека необичниот сигнал, кој се повторува, стигнал од оддалеченост од 1,5 милијарди светлосни години.

“Досега имавме забележан само еден FRB. Постоењето на вториот укажува на тоа дека би можело да ги има уште. А колку повеќе ги забележуваме, полесно ќе ја разбереме таа вселенска загатка –  од каде доаѓаат и што ги предизвикува, истакна членката на тимот на CHIME и астрофизичарка од Универзитетот British Columbia, Ингрид Старс.

Уверена е дека само прашање на време е кога CHIME ќе открие уште некој сигнал и така ќе им овозможи на научниците подобро да ги проучат овие мистериозни сигнали.

Канадските научници посебно се возбудени бидејќи CHIME ги забележал овие сигнали, додека работел само со дел од предвидената сила. Кога ќе биде во целост во функција, се надеваар дека ќе можат уште подетални да ги истражат тие сигнали.

Постојат различни теории за тоа што ги предизвикува овие FRB сигнали. Некои сметаат дека тоа се радиски сигнали кои се резултат наа многу брзата ротација на силното магнетско поле на неутронската ѕвезда, а некои нагаѓаат дека изворот им е вонземски вселенски брод.