Кон крајот на минатата година претседателот на компанијата Xiaomi, Лин Бин најави смартфон со камера од 48 мегапиксели, а сега тој уред е официјално претставен во јавност.

Станува збор за смартфон кој припаѓа во основните модели на Redmi брендот наречен Redmi Note 7. Многу е сличен на поевтината верзија на моделот Mi Play кој беше претставен пред неколку седмици, шарен заден панел каде е сместен сензорот за отисок на прстот, како и две задни камери. Станува збор за главната камера од 48 мегапиксели и втората камера од 5 мегапиксели.

Камерата може да направи фотографии во 48 милиони мали пиксели од 0,8 микрони во добри услови со светлина или да се комбинираат пиксели, со што се добива фотографија од 12 мегапиксели со поголеми пиксели од 1,6 микрони.

Инаку, Redmi Note 7 има 6,3 инчен екран со резолуција од 1080p и формат 19.5:9, процесор Snapdragon 660, селфи камера од 13 мегапиксели, батерија од 4.000 mAh, УСБ порт и приклучок за слушалки.

Минатата седмица директорот Леј Џун најави дека Redmi ќе функционира како независен бренд со фокус на пристапност, додека Xiaomi ќе се фокусира на уреди со средни и високи спецификации.

Redmi Note 7 со 3 GB рам меморија и интерна меморија од 32 GB чини 150 долари, додека цената за 6 GB меморија и интерна меморија од 64 GB околу 200 долари.

Извор: Klix.ba