Instagram овозможи истовремено да се објавуваат постови на повеќе профили

Instagram воведува нова можност за своите корисници, која се однесува на објавувањето постови во исто време на повеќе профили.

Опцијата ќе им биде достапна на сите корисници на уредите со оперативниот систем iOS, а дали и кога ќе ја добијат корисниците на Android засега не е познато.

Кога корисникот ќе ја добие опцијата “self-regram”, таа ќе се појави пред да објавите нов пост. Под опциите да ги означите луѓето и да ја додадете својата локација, ќе се појави опцијата “Post to Other Accounts” (објави на другите профили), која ќе ви овозможи да ги изберете другите профили на кои сакате да се објави постот.

Оваа нова опција би можела да им заштеди време на многуте корисници, кои водат неколку бизнис профили, а во денешно време е популарно да се има повеќе од еден личен профил, кој нема врска со работата.

Во минатото се појавија гласини за оваа опција, но тогаш беа демантирани. Меѓутоа, минатата година беше воведена опцијата за повторно споделување на Story, која на корисниците им овозможи да го споделат, односно преземат Story од некој друг корисник.

Ova nova opcija bi mogla uštedjeti vrijeme mnogim ljudima koji vode nekoliko poslovnih profila, a danas je popularno imati više od jednog ličnog profila koji nema veze s poslom. Instagram за Android ја тестира и кратенката за воведување фотографии од Google Photos.