Ултраширокиот LG монитор од 49 инчи е идеален за мултитаскинг

Иако ѕвезда на годинашниот CES саем веројатно беше LG телевизорот кој може да се свиткува, јужнокорејската компанија претстави уште неколку интересни производи. Меѓу нив е и LG 49WL95C, ултраширок монитор од 49 инчи (32:9), со Dual QHD резолуција (5120 x 1440p).

Мониторот има вградени 10W стерео звучници, поддршка за HDR 10, USB Type-C, а тука е и сталакот кој овозможува менување на висината, навалувањето и свртувањето на мониторот.

Оние кои имале прилика да го видат мониторот во живо во текот на саемот CES во Лас Вегас, истакнуваат дека LG 49WL95C пружа исклучително остра слика, живописни бои и дека ќе биде одлична алатка за сите оние на кои мултитаскингот им е важен во работата.

Покрај ова, LG за гејмерите ги прикажа и 27-инчните и 37,5-инчните 27GL850G и 38GL950G монитори. Двата пристигнуваат со QHD Nano IPS дисплеи, освежување од 144Hz и се компатибилни со Nvidia G-SYNC технологијата.

LG се уште не ја објави цената ниту достапноста на споменатите монитори.