Размислете дали треба да ги отклучувате Android уредите со поглед

Најновото истражување покажува дека голем број на паметни телефони кои што работат на оперативниот систем Андроид, може да бидат измамени кога станува збор за отклучувањето со поглед.

Голем број на луѓе ги заменија ПИН кодовите и сензорите за отпечатоци на прсти со технологијата за препознавање на лица. При активацијата на оваа опција, голем број на телефони предупредуваат дека тоа можеби и не е најсигурната опција за заштита, а неодамнешното истражување на холандската непрофитна организација “Consumentenbond” открива и зошто стои ова предупредување.

Тие тестирале 110 паметни телефони со опција за отклучување со препознавање на лице и се покажало дека околу 40% од телефоните може да бидат измамени, односно уредите може да бидат отклучени само со користење на обична фотографија.

Со оглед на тоа што колку приватни фотографии луѓето денес објавуваат на интернет и социјалните мрежи, јасно е колку оваа ранливост на телефоните е опасна, затоа што само со користење на фотографија од интернет, некој би можел да го отклучи вашиот телефон и да добие пристап до бројни приватни податоци.

На оваа страница се наоѓа листата на сите уреди, а меѓу сигурните телефони кои што не може да се измамат со користење на фотографија се наоѓаат сите модели на iPhone и уредите на OnePlus, голем број на топ-моделите на Samsung и уредите од средна категорија, Mate 20 серијата на Huawei, дел од телефоните на Motorola, како и последните топ-модели на Asus, Honor, HTC и Oppo.

Тестот не го поминале телефоните на Р20 серијата на Huawei, телефоните на Nokia, BlackBerry, како и некои модели на Samsung, LG, Motorola, Xiaomi и Asus.

Поради тоа, доколку сакате максимална безбедност и заштита на податоците на вашиот телефон, се препорачува да изберете ПИН код или да го користите скенерот за отпечатоци на прсти.

Извор: Zimo.hr