LG го претстави новиот паметен телефон Q9

Компанијата LG ја отвори годината со нов смартфон кој ќе ја збогати нивната понуда на пазарот. Се работи за моделот Q9 – наследник на LG Q8, кој се појави на пазарот овој октомври, но засега не привлече големо внимание од купувачите.

LG Q9 доби малку постар процесор – Qualcomm Snapdragon 821 од 2016 година, а уредот ќе го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo. Иако Android 9 Pie е достапен веќе неколку месеци, сепак неколку производители решаваат и понатаму нивните модели да ги опремат со постарата верзија на овој оперативен систем.

Овој телефон има новитети и позитивни страни, како на пример големиот 6,1-инчен екран со резолуција 3.120 х 1.440 пиксели, Boombox звучник, HiFi Quad DAC систем и DTS:X стерео поддршка.

Q9 е отпорен на вода според IP68 стандардите и може да „преживее“ половина час под вода во длабочина од еден метар.

Покрај тоа, смартфонот доби 4GB RAM, 64GB внатрешна меморија, една камера на задниот дел од 16 мегапиксели, селфи камера од 8 мегапиксели и батерија од 3.000 mAh.

Продажбата на овој модел започнува месецов по цена од 445 долари, а Q9 ќе биде достапен во Carmine црвена, New Aurora црна и New Moroccan сина боја.