Рендери на Huawei P30 откриваат три камери на задната страна и влез за слушалки (ВИДЕО)

Претстојниот Huawei P30 смартфон сега доби CAD базирани рендери, како и видео кој телефонот го прикажува од сите агли. Телефонот ќе има три камери на задната страна, во вертикално поставен систем, под кој се наоѓа LED блиц.

Екранот на телефонот ќе има засек во облик на капка, во рамки на кој се наоѓа селфи камерата. Околу дисплејот има разумно симетрични рамки, со тоа што долната рамка и натаму е нешто поголема. P30 ќе има градиент бои, што не претставува изненадување, бидејќи ова е нешто на што сме навикнале од компанијата Huawei.

Со оглед на тоа дека сензорот за отпечатоци од прсти не е видлив никаде на рендерите, претпоставка е дека ќе биде сместен во екранот на телефонот. Големината на дисплејот е шест инчи, а димензиите на P30 моделот изнесуваат 149,1 x 71,4 x 7,5 mm, со дебелина од 9,3 mm поради испакнатоста на камерата.

Фотографиите кои се појавија на интернет навестуваат дека P30 ќе има 3,5-милиметарски влез за слушалки, што на некој начин е враќање чекор назад.

Кога е во прашање системот со камери, на задната страна се очекува 38MP главен сензор, а P30 би требало да има и 5X оптички зум. Селфи камерата би требало да има 24 MP. Целиот систем ќе го покренува Kirin 980 чипсетот, а тука е и Android 9 Pie со Huawei EMUI 9.0 интерфејсот.

Се очекува дека P30 ќе биде претставен во март.