WhatsApp: Ако ја добиете оваа порака, веднаш избришете ја

Корисниците на една од најпопуларните мобилни апликации за допишување – WhatsApp, овие денови станаа потенцијални жртви на хакери.

Според пишувањето на британскиот весник Mirror, се појавила порака која секој од корисниците на WhatsApp би можел да ја прими, а која содржи видео под името “Martinelli”, чие стартување би можело да го хакира мобилниот телефон.

Во пораката се наведува и дека, по пуштањето на видеото, смартфонот ќе се расипе, како и дека повеќе нема да биде можно да се поправи. Меѓутоа, бидејќи не се пронајдени никакви докази за постоење на тн. видео на “Martinelli”, изгледа дека вистинската опасност, всушност лежи во она што следи во пораката.

Во нејзиното продолжение е наведен совет до корисникот да ја надгради својата верзија на WhatsApp на верзијата WhatsApp Gold, која наводно нуди најнови опции како што е можноста за снимање на видеочет, испраќање на 100 фотографии истовремено и бришење на пораки откако ќе ги испратите.

Меѓутоа, WhatsApp Gold не постои, а линкот кој води на страницата за ажурирање е полн со малвери и вируси кои би можеле да ви го уништат мобилниот телефон.

Инаку, корисниците на WhatsApp уште од 2016. година пријавуваат проблеми со пораки кои се однесуваат до наводното ограничено издание – WhatsApp Gold.