Samsung го претстави гејминг лаптопот Notebook Odyssey

Samsung го претстави Notebook Odyssey, својот најмоќен гејминг лаптоп кој претставува јасен знак дека компанијаѕа почнува сериозно да го сфаќа PC гејмингот.

Компанијата Samsung и претходно создаваше гејмерски лаптопи, линијата Odyssey постои веќе некое време, но новиот Notebook Odyssey сето тоа го подигна на повисоко ниво, благодарение на спецификациите кои му овозможуваат да се носи со ривалите од Asus, Dell и Razer.

Лаптопот доби 15,6-инчен екран (1080p) со фреквенција на освежување од 144 Hz, 16 GB RAM, 256 GB NVMe SSD и 1 TB HDD меморија, осмојадрен Intel Core i7 процесор од осмата генерација, USB-C порт, три USB-A порта и HDMI приклучок.

Samsung со овој модел го покажа и новиот дизајн со централна шарка.

Точниот датум на почетокот на продажба и цената се уште не се објавени.