Пристигнува Mad Box, најмоќната конзола на сите времиња

Кога ќе се спомене најмоќната гејминг конзола на следната генерација, најпрвин на ум паѓаат наредните верзии на Xbox, PlayStation или Nintendo конзолите. Меѓутоа, ако може да му се верува на Јану Бел, CEO на компанијата Slightly Mad Studios, тоа ќе биде конзолата наречена Mad Box.

Според неговите зборови, Mad Box ќе биде најмоќната конзола било кога направена. Таа ќе биде способна за играње во 4K реолуција на обичните и VR игри, со 120 fps (60 fps по око), а ќе ги поддржува сите популарни VR кациги.

Бел го претстави и дизајнот на оваа конзола – тоа е вертикално куќиште кое личи на PC, со агресивно LED осветлување на предната страна, кое ја формира стилизираната буква М.

Бидејќи ова е само прво дизајнерско решение, Бел призна дека тоа веројатно ќе биде стилски подотерано до појавување на пазарот, како и дека веројатно ќе биде со помали димензии отколку сега, за да биде конзолата полесна за носење.

Што се однесува до софтверот, Mad Box нема да има ексклузивни наслови, туку ќе биде платформа отворена за сите – програмерите бесплатно ќе ги добијат сите неопходни алатки за развој на игрите.