Кој има подобар код – Google, Amazon или Microsoft?

Програмер кој работел во Google, Microsoft, Amazon и Oracle одлучи конечно да проговори на прашањето кое сигурно сите многу ги интересира. Квалитетот на кодот е крајно интересна работа. И според негово мислење, сето тоа зависи од ситуацијата во која се наоѓате.

Пишувате код онолку квалитетен колку што Ви е потребно, за тој да се вклопи во целта и неговата долговечност. Сè останато е расфрлање со драгоцени ресурси.

Амазон се фокурсира на агилност и брза достава. За неговите помалку зрели производи, тоа значи послаб квалитет на кодот во апсолутни термини, но и значително пократко време од почетокот до доставата. За нив тоа е добитна комбинација.

Гугл се фокусира на униформност и квалитет. Компанијата сериозно инвестираше во алати и тоа сериозно им се исплати, бидејќи имаат огромен конзистентен базен код за сите веб сервиси. Гугл е врв од квалитет на кодови и инженерство, но постои и еден спореден ефект-може да биде тешко да се воведуваат иновации во главниот код.

Мајкрософт се фокусира на деловните перформанси и одржливоста. Овде исправноста на кодот е на прво место како и можноста истиот дел на кодот да биде жив, променлив и одржуван во текот на децениите и подолго.

Сите три компании имаат добар квалитет на код за нивните цели. Од стручен аспект, Амазон има најсиров код, додека најквалитетен е на Гугл, а Мајкрософт е последен.

Извор: Telegraf.rs