LG 2019 TV уредите добиваат HDMI 2.1 и 8K

CES 2019 се уште официјално не почна, но во претходните недели имавме доста информации за плановите на компанијата LG кога се во прашање годинашните OLED и LCD телевизори. Компанијата сега ги излиста броевите на моделите за два 8K телевизора: 88-инчниот Z9 OLED и SM99 8K LCD TV.

Засега нема информации за цените на споменатите модели, но голема потврда е дека благодарение на HDMI 2.1 портовите, сите LG 2019 OLED TV уреди и селектирани NanoCell LCD TV модели ќе поддржуваат high frame rate (HFR) 120fps видео влезови. Останатите карактеристики вклучуваат подобрени eARC (enhanced audio return channel), VRR (variable refresh rate) и ALLM (automatic low latency mode), што многу ќе им се допадна на гејмерите.

Името NanoCell е нов бренд за LG LCD TV моделите од премиум сегментот (SM9X i SM8X), а пристигнуваат со подобрени бои и агли на гледање, како и тенки рамки. Како и обично, LG имплементира AI можности со Thinq технологијата, а новото Prime видео копче пристигнува на Magic Remote.