Третина од возилата во Норвешка се електрични

Речиси третина од новите автомобили продадени во Норвешка минатата година се електрични возила, соопшти независната Норвешка федерација за патишта.

Процентот на продажба на електрични автомобили претставува нов рекорд во Норвешка, која е пат да престане со продажба на возила на фосилно гориво до 2025 година. Во однос на 2017 година, кога процентот на продажба на електрично возила бил 20,8 отсто, минатата година пораснал на 31,2 отсто, додека во 2016 година изнесувал само 5,5 отсто.

Како дел од политиката за намалување на емисијата на гасови, Норвешка на возачите на електрични возила им дава големи даночни олеснувања.