Медитација со видеоигри? Да, и тоа само за пет минути дневно

За само пет минути дневно можете да одиграте цела видеигра и да заборавите на светот и проблемите околу себе.

Ако сте еден од лежерните играчи на видео игри и повеќе би играле различна игра секој ден отколку да губите часови само на една, тогаш ќе ве воодушеви новата платформа наречена Meditations.

За разлика од класичните платформи кои продаваат или ја пружаат услугата на играње видео игри, Meditations ви овозможува играње на само една игра секој ден. Со тоа, доколку прескокнете некој ден, таа видео игра ќе можете да ја играте дури наредната година.

Авторот на овој „проект”, Рами Исмаил, дошол до оваа идеја откако сам изиграл кратка видео игра и посакал да има располагање такви игри секој ден.

Во текот на годината тој вклучил стотина програмери од целиот свет кои имале само една задача – да создадат едноставна игра од било кој жанр, која на играчот нема да му одземе повеќе од пет минути во денот.

Исмаил овој 5-минутен одмор го нарекува „медитација и инспирација”, а како што и самиот истакнал, помеѓу 365-те игри кои ќе бидат достапни на платформата ќе се најдат и такви кои се занимаваат со лични теми. Игрите се кратки и бесплатни, а платформата Meditations бара од играчот на почетокот од секој месец да преземе датотека од отприлика 500 MB која ќе му овозможи пристап до нови игри.

Извор: Zimo.hr