Samsung подготвува и помал Galaxy Home звучник

Samsung веќе некое време го развива својот паметен звучник Galaxy Home кој се базира на нивниот виртуелен асистент Bixby, звучници на компанијата AKG, осум микрофони и опција звукот да се насочи кон местото каде што се наоѓа корисникот.

Станува збор за high-end производ кој најверојатно ќе им конкурира нa HomePod звучниците на Apple, па во согласност со тоа, на пазарот ќе пристигне со цена од околу 350 американски долари.

Според пишувањето на интернет страницата SamMobile, Samsung наводно планира уште еден паметен звучник со помали димензии и помала цена во однос на оригиналниот Galaxy Home и би требало да им конкурира на паметните звучници кои на пазарот ги нудат Google i Amazon (значи паметните звучници чија цена е помала од 200 американски долари).

Додека поголемиот премиум Galaxy Home модел ќе ја носи ознаката SM-V510, за помалиот Galaxy Home се врзува ознаката SM-V310. Исто така, помалиот Galaxy Home паметен звучник сосема сигурно ќе го содржи виртуелниот асистент Bixby 2.0, а би можел да биде претставен CES 2019 саемот на почетокот на јануари во новата 2019. година.