Многу популарни апликации испраќаат податоци до Facebook без дозвола од корисниците

Студија на Privacy International вели дека најмалце 20 од 34 познати Android апликации префрлаат чувствителни податоци на Facebook без притоа да побараат дозвола за тоа, а такви се Kayak, MyFitnessPal, Skyscanner и TripAdvisor. Податоците вклучуваат аналитички податоци, вклучувајќи го и единствениот Android ID број. Пребарувачот за патувања Kayak, на пример, ги споделува податоците за дестинацијата и летовите, датумите за патување и дали деца се вклучени во резервацијата.

Иако овие податоци не можат веднаш да ве идентификуваат, теоретски тие можат да бидат искористени како начин за препознавање.

Тие исто така најверојатно го прекршуваат и новите правила на ЕУ со тоа што собираат податоци без дозвола со што постои можност од идентификување на одредена личност. Секако вината не може да биде само на Facebook или девелоперите.

Иако компанијата ја поправи грешката, сепак некое апликации се уште користат постари верзии од девелоперските поставки. Skyscanner изјави дека не биле свесни дека споделувале податоци без дозвола.