Epic Games оствари профит од три милијарди долари благодарение на Fortnite

Не е тајна дека Epic Games, компанијата која стои зад исклучително популарната игра Fortnite, имаше многу успешна година. TechCrunch објави дека Epic Games остварила профит од околу три милијарди долари во 2018 година.

Извештајот цитира извор кој е запознаен со работењето на Epic Games, бидејќи самата компанија официјално не ги објави своите финансиски резултати. Оваа година започна многу добро за Epic Games, односно со самото објавување на Fortnite за iOS.

Иако не е познато каква е улогата на iOS во остварувањето на профитот од три милијарди долари, Sensor Tower пред неколку месеци објави дека корисниците на iOS дневно трошеле повеќе од милион долари на Fortnite.

Fortnite не е првиот успешен потфат за Epic Games – играта Gear of Wars на компанијата и заработи 100 милиони долари со развоен буџет од 12 милиони долари. За среќа, се разбира, сега тоа е подигнато на многу повисоко ниво, а поддршката за крос-платформски игри беше исто така корисна за компанијата. Fortnite е достапна за PlayStation, Xbox, Switch, PC, Mac, Android и iOS.