Најновиот аудио систем на LG е со Dolby Atmos и Google Assistant поддршка

LG компанијата која продава телевизор сега сака да ве натерда купите и sound bar. Иако во технологијата овие уреди не се сметаат за толку интересни сега оваа компанија сака да го промени тоа мислење меѓу корисниците. LG веќе го интегрираше Google Assistant со гласовни контроли, понуди Dolby Atmos и DTS:X поддршка, соработуваше со Meridian Audio и го откри новиот модерен дизајн.

Сите три модели, SL10YG, SL9YG и SL8YG (кои најверојатно се разликуваат единствено по големината) беа изработени од LG во соработка со Meridian, компанија која се занимава со процесирање на дигитални сигнали. Идејата, велат од LG е да се „подигне нивото на сцената на звукот“ и да се „обвијат слушателите со богат и чист звук и силен бас.“ Со други зборови, овие звучници користат фенси процесирање и емитираат двоканално аудио како повеќеканално аудио без генерирање на дополнителна бука или дисторзиран звук.