Android TV станува сè попопуларен во светот

Android TV се најде на повеќе нови уреди оваа година, вклучувајќи ги производите на компаниите Westinghouse, Sony и JBL. Зголемениот број на хардвер партнери очигледно се исплати. Во мај, Google изјави дека Android TV ги удвои корисниците минатата година. Сега овој сервис го користат десетици милиони корисници надвор од САД, и тоа во Европа и Азија.

Исто така, повеќе од 100 претплатнички ТВ оператори го врадуваат smart TV интерфејсот на Google, а со новите уреди овој раст би можел да продолжи.