Xiaomi го претстави новиот 12.5-инчен Mi Notebook Air

Xiaomi минатиот месец го претстави најновиот додаток во својата линија лаптопи (13.3-инчниот Mi Notebook Air). Сега кинеската компанија објави нешто помал модел.

Најновиот Mi Notebook Air има 12.5-инчен дисплеј, пристигнува со Core i5-7Y54 чипсет од седмата генерација @ 3.2GHz во турбо мод. Тука е и 256GB SSD простор за складирање. Рамот е со капацитет од 8GB.

Xiaomi успеа работниот век на батеријата на лаптопот да го задржи како и кај претходниот модел и покрај тоа што е зголемена јачината на процесорот и другите компоненти. Може да се очекува до 11,5 часа со едно полнење во нормални услови на користење. За стриминг, батеријата ќе трае 9,5 часа, додека за офлајн преглед на содржините, траењето на батеријата ќе изнесува 7,5 часа.

Кога е во прашање полнењето на батеријата, тоа се извршува преку USB-C порт. Mi Notebook Air има и два USB 3.0 Type A портови, еден HDMI порт и приклучок за слушалки. Присутна е и 1MP веб камера, сместена во горната рамка на екранот. Цената на лаптопот изнесува 580 долари.