Паметните телефони им го уништуваат видот на јапонските учениците

Еднo неодамнешно истражување на јапонското Министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија открило дека бројот на студенти по додипломски студии чиј вид е под стандардните 1,0 поени, бил на највисокото досега забележано ниво од 25,3 проценти.

Јапонската влада го припишува овој тренд на “зголемено време поминато гледајќи во паметни телефони и мобилни игри“.

Играњето на игри на паметни телефони е доста популарно во Јапонија, нешто што се потврдува и со фактот дека оваа земја е трета по големина во светот кога станува збор за пазарот за игри. Голем дел од овие корисници играат мобилни игри на своите телефони, односно 41 отсто од мажите и 32 проценти од жените.

Јапонија не е единствената земја која е критична во поглед на игрите за телефони. Претходно оваа година, кинеската влада се закани дека ќе преземе драстични мерки за заштита на видот кај децата, вклучувајќи го и регулирањето на бројните онлајн игри, како и ограничување на времето за играње.

Податоците од Светската здравствена организација покажуваат дека Кина е земја со највисока стапка на кратковидост во светот.