Ја хакираат познатата видео игра и заработуваат вистинско богатство

Четиринаесетгодишни тинејџери заработуваат илјадници фунти неделно на глобалната хакерска мрежа благодарение на мега популарната игра Fortnite.

Дваесетина хакери им признаа на новинарите на BBc дека ги крадат корисничките налози на играчите и ги препродаваат на интернет.

Fortnite е бесплатна видео игра која ја играат 200 милиони луѓе ширум светот. Иако е бесплатна, играта пружа купување на дополнителни опции, како што е промена на изгледот. На тој начин, авторите на играта заработуваат повеќе од милијарда фунти, пишува BBC. А тоа доведува до раст на црниот пазар.

Еден од хакерите од Велика Британија за BBC раскажа дека со кражби на корисничките сметки почнал да се занимава ова лето, кога му го украле профилот. Имал само 14 години.

“Потрошив 50 фунти од џепарлакот на додатоци во рамки на играта. Едно утро се разбудив и добив порака дека лозинката ми е променета и дека некој друг поставил двократна автентикација. Се чувствував ужасно”, изјави тој.