„Вип гејм фест 2018“ нуди забава за љубителите на игри

Мини-фестивалот на игри „Вип гејм фест 2018“, најавуван како најголемиот гејмерски настан годинава, ќе се одржи викендов во фоајето на управната зграда на „Вип“.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат турнири во видео-игрите „Фортнајт“ „Хартстоун“, „Текен“, „ФИФА“, натпревари во маскирање, виртуелни трки, натпревар во местење рубикови коцки, редење сложувалки… а за победниците има награди и изненадувања.

Во текот на двата дена ќе има постојан пренос во живо на финалните турнири, кој публиката ќе може да го следи на лед-екран и на официјалната фејсбук-страница на „Вип“ и на „ГГ.МК“, кои се официјални партнери на фестивалот.

Подетални информации за настанот можат  да се најдат на официјалната интернет-страница. Влезот за посетителите, како и учеството на турнирите, е бесплатен.