Одлична вест за гејмерите: Microsoft ќе објави две нови конзоли

Microsoft работи на два уреда од следната генерација Xbox конзоли под името Anaconda i Lockhart.

Новите две конзоли наводно ќе имаат слична динамика, како и актуелните Xbox One X и Xbox One S, со тоа што се верува дека Anaconda ќе биде поскапа и помоќна, додека Lockhart ќе биде поевтин основен модел.

Според извештаите, кои потекнуваат од Windows Central, Microsoft планира да ги пушти конзолите во продажба во 2020. година. Овие вести доаѓаат по сличниот извештај за тоа како Sony работи на PlayStation 5, кој исто така е најавен за 2020. година.

И Anaconda и Lockhart наводно спаѓаат под кодното име на Microsoft, “Scarlet”, семејство на конзоли кои исто така вклучуваат и рачни и cloud игри.

Xbox One беше претставен во 2013. година, откако е кодиран Durango, додека во 2017. година, Xbox One X беше под шифра Scorpio.

Додека PlayStation најави повлекување од конференцијата E3 2019, прв пат во 24-годишната историја – тоа во голема мерка ги поттикна гласините за тоа компанијаата се фокусира на конзолата од следна генерација – Xbox и натаму ќе биде присутен, како и Nintendo.