Нова игра за љубителите na мистериозните длабочини – Below

Неодамна излезе игра којашто изгледа доста интересно и стилски привлечна, а чие постоење беше најавено уште на Е3 во 2013 година.

Играта се вика Below, и на неа работеше студиото Capybara Games, која е и издавач на играта.

Играта е од жанрот акција авантура, каде што играчите се во улога на “млад војник“, кој оди на мистериозен остров за да се истражуваат бројни подземни лавиринти и тајни.

Иако приказната не е многу сложена, она што ја “продава“ играта е одличната атмосфера и многу нејзниот уметнички стил, пропратен со следи застрашувачка музика.

Авторите ветуваат голем број на “остроумни“ чудовишта, креативни стапици и разни други мистерии, а освен атмосферата, најголем акцент е ставен и на истражувањето и на борбите во суровата средина.