Според резултатите чии резултати неодамна ги објави Kaspersky, одземањето на процесорската моќ за рударење на криптовалути, а без знаење на жртвите, го презема приматот меѓу сајбер нападите, а посебно на Блискиот исток, во Турција и Африка. Во Авганистан и Етипија, на пример, еден од четири регистрирани малвери служи за рударење со криптовалути.

Се претпоставува дека овој начин на злоупотреба на процесорската енергија ќе бележи пораст и во иднина, а посебно ако се има во вид дека бројот на напади од 3,5 милиони од 2017. година се искачи на дури 13 милиони во текот на 2018.

Експертите претпоставуваат дека cryptojacking го презема водството во однос на ransomware, токму поради тоа што жртвите на нападите од земјите во развој не сакаат, или не можат да платат откуп, па злоупотребата на процесорската енергија е посигурен начин да се дојде до саканите средства.

На тој начин, со нелегалните софтвери за рударење не се погодени само PC корисниците, туку тој успешно се имплементира и на паметните телефони. Покрај тоа, нападите кои вклучуваат рударење без знаење на жртвите подолго остануваат незабележани, па постои шанса да им донесат поголема добивка на напаѓачите.