Бесплатно играјте ја PES 2019: Засекогаш и насекаде (ВИДЕО)

Не се работи за демо верзија на играта, туку за тн. “Free to Play“ мод, во кој играчите имаат можност на сите платформи бесплатно да ја играат целата отклучена содржина.

PES 2019 е бесплатен за играње на Xbox One, PlayStation 4 и PC платформите, и тоа:

– Офлајн егзибициски мечеви.
– Тренинг на вештини
– PES Лига мод (1v1 + co-op)
– Можност за квалификации за 3v3 co-op Online Championship.

И веројатно најважното за многумина – PES 2019 Lite го вклучува myClub режимот, кој е PES верзија на Ultimate Team модот на FIFA. Играта содржи и EDIT опција, во која можете да ги менуваѕе и подобрувате играчите и нивните можности, а некои додатоци и содржини ќе се плаќаат со вистински пари. Оваа верзија на PES нуди микро трансакции и опција за плаќање на дополнителните содржини.

Како што споменавме, PES 2019 Lite е името на новата “Free to Play“ верзија на играта, која веднаш е достапна за PS4, XO и PC платформите од линкот за PES 2019 Lite.