Кинеските власти ќе проценуваат кои видеоигри се штетни за здравјето на играчите

Кина воспостави одбор за етичка анализа на видеоигри, чија цел ќе биде на кинескиот пазар да не влегуваат игри што содржат насилство и содржини за возрасни, освен доколку не дојде до одредени промени и приспособувања пред тие да се појават на пазарот.

Кинескиот пазар на видеоигри е еден од најголемите во светот кој рапидно расте, па поради што кинеските власти се обидуваат да ја интензивираат контролата над него.

Властите проценуваат дека сè повеќе Кинези играат видеоигри кои може да бидат штетни за нивното здравје. Поради ова, Кина одлучи да формира нов специјализиран комитет со задача да ги оценува игрите од етичка гледна точка.

Комитетот ќе се фокусира на проверка на игри што потенцијално содржат експлицитни сцени на насилство или содржини за возрасни и од здравствена гледна точка предизвикуваат зависност и проблеми со видот.