Кометата 46P / Virtanen или попозната како Божиќната комета ќе биде најблиску до Земјата за само неколку дена. И покрај фактот дека комета се врти околу Сонцето секои 5,4 години, таа доаѓа толку блиску до нас за првпат во последните 70 години.

Во нормални времиња, движењето на комета не може да се види од Земјата, но на 17 декември, секој што има телескоп или двоглед може да ја види. Денес, пак, кометата ќе се приближи до најблиското растојание до Сонцето, а за 5 дена ќе се приближи до нашата планета на растојание од 11,6 милиони километри.

Кометата била откриена во јануари 1948 година од страна на американскиот астроном Карл Виртанен. Според научниците, 46P / Virtanen е една од ретките комети кои се видливи со голо око. За време на блискиот премин со Земјата, станува светло како кај ѕвездите.