Од следната година WhatsApp нема да биде достапен на одредени мобилни телефони. Tech Irons пренесува дека од 2019 година една од најпопуларните апликации за допишување нема да биде достапна на три смартфони, односно кај оние со Андроид 2,3,7, iPhone со iOS 7 или Nokia S40.

На Nokia 240 WhatsApp нема да биде достапен уште од 31 декември оваа година, а на Андроид 2.3.7 и iOS 7 или постарите од 2 февруарии следната година.

Во 2016 година можноста за користење на WhatsApp ја изгубиле корисниците на Blackberry. Исто така, пристапот до апликацијата на подрачјето на ЕУ во мај оваа година им бил забранет на помладите од 16 години, но земјите членки можеле таа забрана да ја намалат од 13 години.