Huawei само што го претстави Enjoy 9 – нешто послаба варијанта на Enjoy 9 Plus моделот, кој во Кина е достапен уште од октомври.

Huawei Enjoy 9 има 6.26-инчен 1520 x 720p IPS LCD екран, 13MP f/1.8 + 2MP f/2.4 depth камери на задната страна и 8MP f/2.0 предна камера. Купувачите можат да се одлучат за 3GB + 32GB ili 4GB + 64GB варијанта.

Двата модела пристигнуваат со Snapdragon 450 чипсет, а интересно е дека Huawei не одлучи да понуди опција со Kirin чип. Не постои биометриска опција за отклучување, што значи дека Huawei Enjoy 9 ја користи само функцијата за скенирање на лицето.

Битна карактеристика на телефонот е батеријата со капацитет 4000mAh, што би требало да овозможи долго траење со едно полнење. За софтверот е задолжен EMUI 8.2, кој оди преку Android 8.1 Oreo верзијата.

Huawei Enjoy 9 пристигнува во црна и три градиенти на Aurora боите – сина, црвена и виолетова. На кинескиот пазар ќе се најде од 12. декември.