Долгонајавуваната опција за мерење на отчукувањата на срцето конечно е достапна на Apple Watch, објави The Independent.

При претставувањето на Apple Watch Series 4, во септември оваа година, претставниците на компанијата ветија дека корисниците на часовниците ќе можат да прават EKG за да проверат дали отчукувањето на срцето им е правилно.

Меѓутоа, оваа функција не беше веднаш достапна, бидејќи мораа да чекаат одобрение од американските регулатори. Американската администрација за храна и лекови ги одобри опциите и тие ќе бидат достапни по ажурирањето на софтверот.

EKG како опција се уште не е достапна надвор од САД, вклучувајќи ја и Велика Британија. Моментно се вршат неколку проверки за да се осигура дека сопственикот не може да ја заобиколи заштитата, така што би ја префрлич локацијата на Apple Watch во Америка или слично.