Xiaomi продаде 700.000 примероци на Pocophone F1 за три месеци

Кинеската компанија својот Pocophone F1 телефон го претстави во август, а овој интересен уред веднаш стана популарен. Смартфонот со чипсет Snapdragon 845 и импресивна ниска цена, веќе се продаде во 700.000 примероци глобално. Достигнувањето на својот Twitter профил го објави потпретседателот на компанијата, Ману Кумар Јаин.

Јаин потсети дека иако “poco” значи “малку” на шпански, Poco заедницата оствари огромен раст за само неколку месеци.
Pocophone F1 е една од причините на доминацијата на Xiaomi на најголемите пазари, вклучувајќи ја и осигураната водечка позиција на пазарот на Индија за третото тримесечје на 2018. година.

Телефонот во Индија се продава како Poco F1, каде што може да се купи за помалку од 300 долари. Во Европа, моделот со 6GB RAM и 64GB простор за складирање чини под 350 евра.