Messenger Lite добива нови опции меѓу кои и испраќање GIF-ови

Новата верзија на Messenger Lite апликацијата за Android доби можност за испраќање на GIF-ови и персонализација на разговорите, а притоа и натаму тежи помалку од 10 MB.

Полесната верзија на апликацијата на Facebook за размена на пораки, Messenger Lite за Android уредите доби неколку нови опции.

Иако самата апликација е помала од 10 MB, преку неа е можно да се испраќаат GIF-ови (опцијата за прегледување на GIF-ови беше достапно во претходните верзии).

Сега е можна и подетална персонализација на разговорите во вид на промена на боите за одреден разговор и додавање на прекар за поедин учесник во разговорите. Разговорите можат да се конфигурираат со едноставно притискање на копчето од горната страна на самиот интерфејс на апликацијата.

Корисниците на Messenger Lite апликација ќе можат да ги споделат своите аудио и видео фајлови и фотографии со притискање на “+” иконата. Оваа надградба се наоѓа во фаза на дистрибуција, но ќе бидат потребни неколку дена да им биде достапна на сите корисници преку официјалната продавница на апликации, Google Play.