Се појави првиот трејлер за играта Mortal Combat (ВИДЕО)

Играта која беше инспирација за многу филмови и серии во април 2019 година ќе го доживее новото продолжение. Во текот на шоуто The Game Awards 2018 е прикажан трејлер за Mortal Kombat 11.

Оваа хипер насилна борбена игра доаѓа на Nintendo Switch, PlayStation 4, Windows PC и Xbox на 23 април 2019 година. Во новото продолжение ќе има прилагодени ликови, прилагодувањето на ликовите ќе придонесе играчите да создадат борци по сопствена желба. Играта не се препорачува за деца поради непријатните сцени.