Најблескавата комета наречена 46P/Wirtanen следната недела ќе помине покрај Земјата.

Тоа ќе биде една од десетте најблиски средби со вакво небесно тело од 1950 година и една од 20-те најблиски од 9. век наваму.

Според USA Today, кометата ќе биде најблиску до Сонцето следната среда на 12 декември, а до Земјата на 16 декември кога ќе помине покрај нашата планета на оддалеченост од 11.265.408 километри.

Кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро ќе биде да се набљудува со двоглед или мал телескоп, особено на отворен простор надвор од населени места.

Со оглед на тоа дека кометата неколку недели ќе биде во видокругот на Земјата, научниците ќе имаат можност детално да ја проучат.

Одделението за астрономија при Универзитетот Мичиген соопшти дека „нема шанси кометата да ја погоди Земјата“.

Извор: B92.net