YouTube за Android инсталиран повеќе од пет милијарди пати

Погледот на листингот за YouTube апликацијата на Google Play Store открива интересна информација. Досега, апликацијата за стриминг на видеа е инсталирана на Android уредите преку пет милијарди пати. Секако, за ваковото достигнување секако придонесува тоа што апликацијаата пристигнува преинсталирана на секој Android телефон.

Минатата година, Google Pay сервисот беше прв кој достигна пет милијарди инсталации, што исто така беше постигнато благодарение на Android уредите.

Оригиналниот iPhone беше првиот телефон што пристигна со YouTube клиент, а услугата беше рекламирана во промо материјалот на Apple. Компанијата од Купертино сакаше iPhone да биде прв уред што ќе го имплементира YouTube и доби дозвола од Google да креира YouTube плеер за својот смартфон. Во 2012. година, Google одлучи да ја преземе контролата над YouTube апликацијата за iOS и не сакаше да го продолжи договорот со Apple. Поради ова, iOS корисниците сега мораат да го инсталираат YouTube од App Store.