Xiaomi во јануари ќе претстави смартфон со 48 MP камера

Претходно оваа година, Sony и Samsung претставија 48-мегапикселни сензори за камерите на своите паметни телефони. Сега дојде време новите сензори да се имплементираат во телeфоните, а првиот што ќе ја донесе 48 MP камера на своите модели е Xiaomi.

Претседателот на кинеската компанија, Лин Бин, на страниците на социјалната мрежа Weibo постави фотографија на телефонот, за кој се верува дека има 48 MP камера и дуал LED блиц. Не е јасно колку објективи се присутни, а изгледа дека камерата е позиционирана во горниот лев на гол на задната страна на телефонот.

Xiaomi не сподели повеќе детали за смартфонот, освен информацијата дека ќе биде претставен во јануари. Доколку некој не го престигне, Xiaomi наскоро би можел да го има првиот светски телефон со 48-мегапикселна камера, а сензорот најверојатно ќе биде Sony IMX586 или Samsung ISOCELL Bright GM1.