Шест митови за Instagram во кои не треба да верувате

Instagram стана една од најкористените социјални мрежи на денешницата. Но, заедно со тој статус доаѓаат и митови за оваа платформа, кои немаат никаква врска со реалноста. Еве на што треба да обрнете внимание.

1. Instagram ќе ви забрани делување без да знаете за тоа

Мит: Instagram наводно ги забранува корисничките профили што ги смета за недолични, привремено или трајно, без претходно предупредување, па корисникот не ни забележува дека забраната стапила во сила. Корисниците чија активност е забранета наводно се соочуваат со значителен пад на интеракциите со други корисници. Тие веруваат дека нивната содржина не се прикажува во резултатите од пребарувањата по хаштази, поради што имаат мал досег кога станува збор за публика.

Реалност: Од Instagram тврдат дека не се занимаваат со забрани од овој вид. Нема да добиете забрана доколку користите премногу хаштази или поради некои други мали прекршоци. Одредени профили навистина би можеле потешко да го најдат патот до поголема публика, но од Instagram велат дека тоа е последица на лош маркетинг.

2. Вие сте сопственици на хаштагот на вашиот бренд

Мит: Хаштагот што ќе го креирате за својот бренд на Instagram е ваша приватна сопственост и другите не смеат да го користат без ваша дозвола. Во спротивно, можете да ги тужите поради неовластено користење.

Реалност: Можеби ќе се изненадите, но ова не е вистина. Вие не сте сопственик на содржината на социјалната мрежа. Сè што ќе објавите на Instagram е во сопственост на самата мрежа. Не можете да полагате права на хаштагот, иако постојат исклучоци во случаи кога станува збор за заштитени имиња. Сепак, и тогаш не можете да ги спречите луѓето да не ги користат хаштазите.

3. Instagram ги крие вашите објави

Мит: Instagram намерно ги крие вашите објави за да не бидат видени од поголем број луѓе.

Реалност: Социјалната мрежа користи комбинација од алгоритам и историјата од вашата интеракција со другите корисници за да одреди кои објави се најважни за вашата публика.

4. Купувањето следбеници на Instagram има смисол

Мит: Купувањето лајкови и следбеници е пократкиот пат по кој може да станете инфлуенсер. Алгоритамот за пребарување на Instagram ќе го забележи огромниот број лајкови и следбеници и така ќе успеете да станете инфлуенсер. Последователно, тоа ќе привлече нови следбеници за кратко време.

Реалност: Instagram ги казнува корисниците што посегнуваат по лажни лајкови и следбеници. Освен тоа, купувањето следбеници не помага во зголемувањето на интеракцијата со корисниците. Но, знаете ли што би помогнало? Добра содржина.

5. Бизнис корисниците ја намалуваат вашата популарност

Мит: Префрлањето на бизнис корисничка сметка ќе го намали досегот на вашиот бренд. Ако го задржите приватниот, заедно со деловниот профил, ќе ја поделите публиката и ќе ја намалите вкупната видливост на Instagram. Поради тоа, подобро е да се држите до еден кориснички профил.

Реалност: Во Instagram ги следат сите ваши приватни и бизнис кориснички профили. Вредноста на едниот не се разликува од вредноста на другиот. Поради тоа, префрлањето на деловниот профил нема да ја намали видливоста или да ја разреди вредноста на вашиот бренд. Од друга страна, бизнис налогот нуди алатки за мерење и анализа на податоци за посетеноста, што може да биде корисно.

6. Користењето премногу хаштази е лошо

Мит: Instagram ги казнува корисниците што претеруваат со хаштазите затоа што огромниот број хаштази, наводно, ги одвраќа посетителите, а алгоритамот на Instagram за филтрирање на содржините ги препознава како спам.

Реалност: Хаштазите на Instagram служат за полесно пробивање низ морето од содржини и да го најдеме она што нè интересира. Затоа, колку повеќе хаштази користите, толку подобро – но бидете разумни и умерени. Притоа поважна е релевантноста на хаштазите, а не нивниот број.

ИЗВОР: Tportal.hr