Ова се најдобрите Android апликации во 2018. година

Google ја објави својата годишна листа на најдобри апликации и игри за Android уредите.

Како најдобра за минатата година е прогласена апликацијата Drops, која на корисниците им помага да научат зборови на преку 30 јазици, додека за најдобра игра е прогласена Battle Royale.

Издвојуваме некои од најинтересните категории, а целосната листа можете да ја погледнете тука.

Најзабавни апликации

– Vimage – додајте анимации на вашите фотографии.

– No Draw – апликации за боење.

– Neverthink – апликации за гледање интернет видеа.

– Scout FM – апликација за слушање подкасти.

Скриени дијаманти

– Slowly – апликација која ви овозможува да делите писма со пријателите.

– Unfold – апликација која ви дозволува да правите приказни со минималистички шаблони.

– Just a Line – апликација која ја користи проширената реалност за цртање, која ја направил Google.

– Luci – дневник за бележење соништа.

Најдобар дневен помагач

– Tasty – апликација за рецепти и готвење

– Otter Voice Notes – апликација која ја користи вештачката интелигенција за да направи транскрипти на гласовните снимки.

– Canva – апликација која ви помага да дизајнирате постери, филтри и постови за социјални мрежи.

– Notion – апликација за следење на дневните обврски.