Microsoft подготвува Surface брендиран монитор

Microsoft најверојатно планира својата линија Surface уреди да ја прошири и со PC монитор, кој би можел да се појави во некој момент во текот на 2020. година.

Специфичните информации се штури во овој момент, но се верува дека мониторот би можел да биде базиран врз основа на посточекиот десктоп компјутер Surface Studio. Brad Sams, кој ги следи состојбите во Microsoft, истакнива дека новиот монитор би можел да пристигне за околу две години, а веројаатно ќе ги има функциите кои се единствени за оваа производна категорија.

Microsoft проба својата Surface линија да ја направи пионер на нови функции, а изгледа дека истиот пристап би можел да биде искористен и на новата група производи.

Она што ќе биде интересно да се види е тоа дали Microsoft ќе овозможи Surface мониторот да ги искористи предностите и на другите производи на компанијата, како што се WIndows 10 или Cortana, кои досега ја сочинуваа основата на Surface производите.